Ова мора да го погледнете: Комичниот начин на кој Елен ѝ го честиташе роденденот на Анистон

Холивудската ѕвезда, една од омилените актерки, Џенифер Анистон, вчера наполни 51 година.

Актерката која го негува природниот изглед, долго време е едно од омилените лице кои со задоволство сите го гледат на малите екрани, уште од времето на нејзината улога Рејчел во култните „Пријатели“. Денеска ретко кој би поврувал дека Џен има 51 година, судејќи по витката линија на телото на која многумина можат да ѝ позавидат.

Бидејќи неодамна отвори Инстаграм профил и продолжува да соборува рекорди, роденденски честитки имаше на сите страни и од различни јавни личности, а меѓу нив, беше и честитката од популарната водителка Елен Деџенерис која тоа го „обработила“ на одличен начин и во свој стил.

„Среќен роденден Џен! Едвај ја чекам нашата забава вечер!“, ѝ порачала Елен.

Инаку, скоро цел свет очекува да види дали Бред Пит ќе се појави на прославата, откако се раширија гласините за нивното смирување. Актерот минатата година присуствуваше на нејзината роденденска забава, а иако сакаше да се сокрие од папараците и да влезе од задниот влез, сепак беше „улобен“ на споредниот влез од ресторанот.

Слични содржини