„Ова не е стратегија, Меси навистина си заминува“

од Stefanija Kuzmanovska

Во четвртокот вечерта стана јасно дека најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси нема да го продолжи договорот со матичниот клуб, а во јавноста се појавија теории дека целата приказна може да биде само стратегија на таборот на Аргентинецот за добивање подобри услови при потпишување на нов договор.

Претставници на некои англиски медиуми напишаа дека ова е начин и Меси и Барселона да влијаат на Ла Лига да ги смени правилата за „ограничување на платата“, за да може без пречки да се потпише новиот договор помеѓу Меси и Барса.

Сепак, шпанската „Марка“ ги побива таквите теории – според нив, двете страни биле заинтересирани за проширување на соработката, но потоа поради „економски и структурни“ пречки тоа не било можно.

Како резултат на тоа, двете страни жалат за исходот, а 34-годишниот Меси ќе го напушти клубот во кој беше член уште од тинејџерските денови.

„Ова не е стратегија на Меси и Барселона. Тие велат дека сега нема враќање на преговорите. Оваа информација ја добиваме од луѓе кои се сериозно вклучени во настаните во Барселона“, пишува Хозе Феликс Дијаз, новинар на „Марка“.

Слични содржини