Актуелно
Почетна / Бизнис / Ова се добитниците од шестото коло месечни награди преку MojДДВ#МојаНаграда

Ова се добитниците од шестото коло месечни награди преку MojДДВ#МојаНаграда

Извлечени се 15-те добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, на јавно извлекување кое се одржа вчера на ТВ Канал 5, соопшти денеска Министерството за финансии.

Станува збор за Филип Петрески од Прилеп, Игор Кацар од Куманово, Марија Бојкикева – Скопје, Бобан Спасовски – Велес, Лидија Падован-Скопје, Дарко Ралповски-Берово, Муамет Ибраими-Скопје, Никола Гошев-Скопје, Емилија Петкоска – Скопје , Александра Падикова Спировски – Кавадарци, Катерина Данчева – Струмица, Гордана Митревска – Битола, Ивана Лазаровска – Скопје, Благојчо Стевановски – Крива Паланка и Дејан Димоски-Прилеп. Нивните имиња се објавени и на веб-страната на Државна Лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati

Во останатите кола на #МојаНаграда до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Извлекувањето на втората главна премија, ќе се одржи во декември, а таа ќе изнесува 1.000.000 денари.

– Граѓаните, преку МојДДВ #МојаНаграда, од први јули, скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано, односно до крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари. Доделувањето на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист – ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда, наведуваат од Министерството за финансии.

loading...