Ова се јасни симптоми дека влегувате во менопауза

Менопауза претставува природен крај на менструалниот циклус, односно крај на репродуктивниот период кај жените.

Во продолжение прочитајте ги петте симптоми кои ќе ви укажан дека и вие сте меѓу жените кои ја поминуваат таа транзиција.

1. Нередовна менструација

Нередовната менструација е првиот знак на промена. Доколку не сте имале менструација повеќе од една година или сте имале поединечни слаби крварења вие сте влегле во менопауза.

Во периодот кој му претходи, овулацијата се менува, па очекувајте промени во траењето и количината на крварењето во доцните триесети и раните четириесети години.

2. Намалена плодност

Како што хормоните се прилагодуваат на новата ситуација, јајниците ќе создаваат се помалку јајце клетки. Тоа значи дека ќе имате потешкотии околку сакате да затрудните.

Намалената плодност може да се јави дури и неколку години пред последната менструација, но тие проблеми можат да се решат со хормонална терапија.

3. Ноќно потење и бранови на топлона

Овие два сипмтоми се исто така природен процес кој секоја жена го поминува за време на таа транзиција. Исто така, во консултација со гинеколог може да се намалат, па дури потполно да ги снема со хормонски таблети, или додатоци во исхраната.

Жена која предвремено влегла во менопауза поради онколошка болест, за спречување на брановите топлина и болните сексуални односи поради сувоста на вагината, не смее да користи естроген.

4. Дебелеење

Вишокот килограми се јавува поради успорување на метаболизмот. Дополнително, стресот предизвикува опуштање на хормонот кортизол кој доведува до собирање на масти на стомакот.

Слични содржини