Ова се новите цени на горивата, ќе важат од полноќ

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска излезе со новите цени на горивата кои треба да важат од полноќ (28.03).

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,628 ден/кг.

Слични содржини