Ова сигурно не го знаевте: Девет работи кои се забранети во Русија

Во повеќето водичи за патување можете да најдете информации а тоа што е строго забрането доколку отидете на туристичка прошетка во Русија.

Еве кои работи се забранети во Русија:

1. Ракување со ракавици
Ракувањето со ракавици се смета за непристојно. Доколку сакате да изразите почит кон некого, тогаш тргнете ги ракавиците пред да се поздравите.

2. Никогаш не одбивајте пијалок
Љубовта на Русите кон алкохолот не е само мит, туку и реалност која нема да можете да ја избегнете. Секаде ќе бидете понудени со пијалок, а доколку одбите, тоа ќе се смета за навреда.

3. Шеги на сметка на семејство
Додека шегите за политичарите, религијата и полот се потполно добредојдени, вицевите на сметка на смејството се сметаат многу навредиви. Затоа, не спомнувајте ничива сестра или брат.

4. Свиркање во затворен простор
Русите го поврзуваат свиркањето со финансиски проблеми. Особено е лошо да свирнете во туѓа куќа, бидејќи така навлекувате лоша судбина за домашните.

5. Жените не смеат да носат тешко
Кавалерството во Русија е закон. Мажот обавезно ги носи тешките работи, а често својата помош ја нудат и на улица на непознати жени.

6. Непочит кон постарите
Доколку се возите во јавен превоз и видите постара личност додека вие седите, како знак на почит мора да станете и да го отстапите местото. Се разбира, ова правило важи насекаде во светот.

7. Делење на сметката
Во Русија обичај е оној кој ќе викне на вечера мора да ја плати. Затоа, нека не ви паѓа на памет да ја поделите сметката за вечера доколку сте ги викнале пријателите да се видите.

8. Најдобро би било да не го спомнувате Крим, Украина или избори

Русите се познати како големи патриоти, па било кој коментар можат да го сфатат лично. Одобено ги нервираат претенциозни западњаси, со нагласок на Американците, кои се жалат за ладното, храната, Путин и други работи.

9. Смеење на непознат
Русите ја чуваат својата насмевка за пријателите и семејството. Смеењето на непознати може да се смета како нвреда, особено во јавен превоз.

Слични содржини