Ова сигурно не сте го правеле во карантин, а би требало

од Vladimir Zorba

Светот очигледно се промени оваа 2020 година, некако посебно од средината на март. Како почна да се шири пандемијата предизвикана од Ковид-19, така сите се прилагодувавме кон новонастанатата ситуација и се обидувавме да останеме смирени. И покрај сè, пандемијата не стивнува, но некои работи дефинитивно се веќе поинакви од претходно.

На пример, ако за време на карантинот работевте од дома, најверојатно се прилагодивте на тоа да работите во малку поинакви услови или можеби имате сопствен бизнис којшто со цел да го заштитите решивте да го насочите кон дигитализација, промена на дејност, реорганизација…

Како и да е, карантинот остави многу повеќе слободно време за размислување и консолидирање на сето она што сме го правеле претходно. Бидејќи поголемиот дел од времето бевте дома, највeројатно почувствувате дека помалку трошите за облека, излегување, кафе со пријателите, деловни вечери, состаноци надвор од градот… Сите овие активности за коишто инаку одвојувате одредена сума на пари, поради карантинот беа ставени во мирување. Би било најпаметно, тие средства да ги заштедите и да формирате сопствен фонд за “црни“ денови. Доколку претходно немавте навика да тргнете по некој денар на страна, пандемијата би требало да биде добар пример дека секоја криза може да се појави од нигде – никаде и да ескалира многу брзо.

Затоа, навиката за штедење може да ви помогне да дојдете до потребните предмети, да отпатувате на местата кои ги сакате или да помогнете во остварување на некоја цел. Да почнете со штедење никогаш не е доцна, па и ако не го искористивте карантинот за тоа, не очајувајте. Направете добар план на личните финансии, почитувајте ги правилата и одреден дел тргајте настрана, па во некоја (не)предвидена ситуација тие пари ќе ви бидат добредојдени.

Слични содржини