Ова воопшто не го очекуваа: Хари и Меган останаа без уште една титула

Повлекувањето на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл од кралските должности, доведе до непосакувани последици за младиот пар, губење на нивните сакани титули „амбасадори на младите од Комонвелт“.

Извори блиски до парот за ТМЗ рекле дека војводата и војвотката од Сасекс биле „шокирани“ што морале да се откажат од своите амбасадорски улоги во рамките на споразумот околу Мегзит кој бил постигнат на состанокот со кралицата.

Хари и Меган морале да се откажат од своите титули „нивното кралско височество“ кога одлучиле дека ќе се повлечат и преселат во Канада, но ТМЗ дознава дека младиот пар не очекувал дека нивните амбасадорски титули воопшто ќе бидат тема на муабет за време на состанокот. Кралицата, меѓутоа, зазела остар став, повлекла линија и парот морал да ги предаде.

Комонвелт е група од 53 нации, претежно поранешни британски територии како Канада. Своевремено Хари и Меган, додека беа амбасадори на младите, имаа задача да ја оспособат младината во членките на Комонвелтот да се борат со проблемите со кои се соочува нивната генерација. Меган му се приклучи на Хари како амбасадорка пред венчавката и таа работа беше многу важна. Војвотката дури имаше и извезано свеќе од секоја земја членка на Комонвелтот на својата венчаница.

Меѓутоа, изгледа дека Хари и Меган се уште не се подготвени да ги остават своите улоги бидејќи на нивниот сајт и понатаму постои цела секција посветена на работата како амбасадори на младите.

Слични содржини