Оваа европска земја има најниска стапка на смртност во светот: Која е тајната за нејзиниот успех?

од Nikola Popovski

Стапката на смртност кај пациентите со коронавирус во Австрија е најмала во светот, вели експерт за јавно здравје, Армин Фидлер.

Тој вели дека Австрија, со 71 починат на милион жители, е 30% подобра од соседна Германија.

На прес-конференцијата во Брегенц, Фидер изјавил дека примерот на Италија, Шпанија и Велика Британија покажал што може да се случи доколку не се преземат мерките за борба против вирусот на време.

Тој се осврнал и на ситуацијата во САД, изјавувајќи дека една студија која покажа дека Америка би можела да спречи смрт на 36.000 луѓе, доколку ги применила своите мерки една недела порано.

Фидлер истакнува дека причината за успехот на Австрија била неверојатната дисциплина на жителите. Во Виена во првата недела од воведувањето на ограничувањето на слободата на движење социјалната мобилност паднала на 3 отсто.

Кога станува збор за Шведска, либералниот пристап довел до тоа, како што кажал тој, да има повеќе од пет пати повеќе починати отколку во Австрија, а ниту економијата не е во подобра позиција.

„Никој не знаеше кој е вистинскиот пат“, констатираше тој и додал дека поединечни мерки можеби биле и претерани, но мора да се има на ум дека секој ден нешто ново се учи за коронавирусот.

Најмногу ризици Фидлер гледа во прославите, но и во посетите на црквите, свадбите и погребите.

„Посебна опасност од заразата постои секаде каде има многу луѓе и каде заедно пеат, односно разговараат“, објаснил тој.

Фидлер кој е советник на владата на австриската покраина Форарлберг, навел дека моментално низ светот има 105 проекти за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот.

Слични содржини