Оваа европска земја влегува во нов корона бран

од Stefanija Kuzmanovska

Најновите податоци од Институтот за јавно здравје Sciensano јасно укажуваат дека бројот на регистрирани инфекции со коронавирус и приеми во болници во Белгија нагло се зголемува.

Есенскиот бран, кој започна минатата недела според вирологот Стивен Ван Гухт, продолжува да се засилува.

Од 24 до 30 септември дневно се регистрирани во просек по 2.823 инфекции, што е зголемување за 26 отсто во однос на претходните седум дена.

Во просек дневно се правеле околу 12.700 тестови. Од нив 23 отсто биле позитивни. Огромното мнозинство случаи на ковид, 92,3 проценти, ја носат подваријантата Омикрон БА.5.

Во истиот период, нешто помалку од четири лица дневно починале како последица на корона. Од почетокот на епидемијата во Белгија на почетокот на 2020 година, починале 32.690 луѓе.

Слични содржини