Оваа намирница спречува таложење на маснотии во клетките на црниот дроб

од Stefanija Kuzmanovska

Сирењето го спречува таложењето на маснотии во клетките на црниот дроб! Само 50 грама на ден може да го опорави црниот дроб!

Она што го јадете е многу важно за одржување на здравјето на црниот дроб.

Нутриционистите наведуваат дека доколку сакате да спречите таложење на маснотии во клетките на црниот дроб, потребно е редовно да јадете една намирница. Се работи за сирење, и тоа младо!

Не е само алкохолот штетен за овој орган. Многу нездрави навики кон кои се склони повеќето од нас може да доведат до таложење на маснотии во клетките на црниот дроб.

За да се спречи и намали таложењето на маснотии, доволно е да се внесе свежо сирење во исхраната, изјави нутриционистот Нурија Дијанова.

Според неа, аминокиселината метионин, која се наоѓа во овој производ, го ослободува црниот дроб од вишокот маснотии.

– Домашното, пред се младо сирење, има една од најдобрите комбинации на хранливи материи, вклучувајќи го и метионинот. Оваа аминокиселина многу добро делува на црниот дроб, помага при практично сите болести на овој орган. Мислам дека метионинот помага да се намали количината на маснотии во црниот дроб. Научно гледано, можеме да кажеме дека свежото сирење го подобрува метаболизмот на клетките на црниот дроб – објасни Дијанова.

За да се постигне лековито дејство потребно е да се јаде најмалку 50 грама младо сирење дневно, додаде таа.

– Минималната количина свежо сирење што еден просечен човек треба да го вклучи во менито е 50 грама дневно. Кај мажите оваа бројка е нешто поголема, бидејќи се „поголеми“. Мислам дека сирењето може да се користи со секој оброк, но има разлика во порциите. Доволни се 50 грама за појадок, ако го јадете за ручек, тогаш доволни се 100 грама, а исто толку можете да јадете и за вечера – советуваше Нурија Дијанова, пренесе „Свет Плус“.

Слични содржини