„Оваа зграда зборува (на)вистина“ вечерва во Кино Култура, како дел од програмата „Уметност Политика Институција Тело“, на Локомотива- Скопје

од Maja Serafimova

Добитникот на главната награда „Златна Трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор 2019, перформанс инсталацијата „Оваа зграда зборува (на)вистина“, вечерва со почеток во 19:00 ќе се прикаже во Кино Култура- проектен простор за современи иведувачки уметности и современа кулутра.

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ е перформанс составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација. Проектот се перформира во размер 1:100 како едно кондензирано искуство од минати активности, како архива од повеќе времиња, кои би требало и во живо да ни кажат: Ако успееме овде, можеме да успееме секаде! А токму тоа е и дизајнот на перформативната агонистичка заедница. Со овој уметнички проект беше претставен павилјонот на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор (6-16 јуни, 2019 година) и ја доби главната награда „Златна Трига“ на оваа престижна манифестација.

Автор: Филип Јовановски
Кураторка: Ивана Васева
Актерка/Изведувач: Кристина Леловац
Менаџер на продукција: Ненад Тонкин
Продукција: Илија Тирицовски
Видео монтажа и дизајн на звук: Сашко Потер Мицевски
Дизајн на Светло: Илија Тарчуговски
Монтажа: Горјан Атанасов,Марко Наумовски
Камера: Александар Котевски
Видео/дрон: Стојанче Цавировски
Изработка на сценографија: Владо Димоски
Конструкција: Мембранинг студио, Скопје
Тони Трајковски (Дизајн на конструкции дооел, Скопје)
Сценска техника: Иванчо Велков, Миле Крстевски

Соработници: Кристина Леловац, Биљана Тануровска Ќулавковски, Драгана Заревска, Владо Караев, Анџела Петровска, Виолета Качакова, Слободан Унковски, Борис Бакал, Симона Димковска, Марија Гелмановска, Јана Кастратовиќ, Томе Димитриевски, Ана Виленица, koma.mk, Јасмина Ѓоргиева, Бехар Далипи, Ана Василева.

Продукција:
МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ, Комесар Фросина Зафировска
Факултет за работи што не се учат / ФР~У
Република Северна Македонија

Проектот беше поддржан од Град Скопје и Министерство за Култура на Република Северна Македонија.

Слични содржини