Оваа женска особина најмногу ги плаши мажите

од Stefanija Kuzmanovska

Не е тајна дека многу мажи не знаат како да се справат со одредени женски карактеристики, а една студија сега потврди голем стереотип поврзан со ова прашање.

Колку пати во животот сте ја слушнале изјавата дека мажите се плашат од паметни жени? Студијата на Варшавскиот колеџ за економија предводена од Адам Карбовски го потврди овој стереотип.

Карбовски и неговиот тим анализираа експеримент во кој 500 испитаници на Универзитетот Колумбија учествуваа во таканаречените „брзи состаноци“. По секој состанок, учесниците требаше да го проценат физичкиот изглед и интелигенцијата на лицето со кое разговараат и конечно да запишат дали повторно ќе излезат на состанок.

Анализата на експериментот открила дека машките испитаници попрво би отишле на втор состанок со жена која им била физички привлечна отколку со онаа која ја оцениле како многу интелигентна.

Од друга страна, женските испитаници подеднакво го ценат изгледот и интелигенцијата, но исто така би излегле на состанок со маж што го сметаат за интелигентен, без да му дадат висока оценка во однос на изгледот.

На прашањето зошто мажите всушност се плашат од паметни жени, експертите нудат едноставен одговор – поради споредувањето на сопствената интелигенција со онаа на жената, бидејќи тогаш се чувствуваат несигурни: „Мажите помалку ги привлекуваат жени кои се подобри од нив, и тоа е резултат на моменталната промена во нивната перцепција за самите себе. Тие се чувствуваат помалку мажествено кога жената ќе ги надмудри“.

Слични содржини