Актуелно
Почетна / Магазин / Овие 10 намирници се препорачливи за луѓето кои пушат цигари

Овие 10 намирници се препорачливи за луѓето кои пушат цигари

Пушењето цигари е штетно и предизвикува неповратно оштетување на белите дробови, а со тоа и го зголемува ризикот од заболување од рак на белите дробови.

Ако не можете да ги прекинете целосно, обидете се да го намалите бројот на испушени цигари, но и воведете поздрави животни навики, за да можете колку-толку да ја поправите штетата.

Со помош на следниве намирници ќе си го олесните животот и дишењето и барем малку ќе го намалите штетниот ефект од цигарите:

Грејпфрут

Доволен е еден грејпфрут во денот за да се намали ризикот од респираторни заболувања.

Бразилски ореви

Полни се со селен и витамин Е, кои го намалуваат штетниот ефект на клетките на ракот.

Лук

Антиоксидансите кои ги содржи ги прочистуваат белите дробови од насобраните токсини.

Вода

Ако сте пушач, пијте 6-8 чаши вода во текот на денот.

Сок од морков

Испијте 300 мл сок од моркови за појадок, тој ќе помогне во алкализација на организмот.

Ѓумбир

Ѓумбирот помага во отстранување и разградување на слузта насобрана во дишните патишта.

Билни чаеви

Тие ги стимулираат цревата побрзо да се ослободуваат од отровите.

Сок од брусница

Пијте секој ден сок од брусница, за да спречите бактериски инфекции во телото.

Сок од ананас

Само 300 мл свеж сок од аанас се доволни за да му помогнете на својот респираторен систем да биде здрав.

Топла вода со лимон

Исцедете два лимона во млака вода и пијте ја оваа мешавина секое утро.

loading...