Овие 4 хороскопски знаци НИКОГАШ не простуваат, кај нив НЕМА ВТОРА ШАНСА

од Vladimir Zorba

Хороскопски знаци кои ќе ве остават без размислување се Водолија, Лав, Скорпија и Бик.

Знаете кои знаци се најголемите заводници, кои се тешки како црна земја и кои не умеат со пари. Сега дознајте кои хороскопски знаци ќе исчезнат од вашиот живот без ни да трепнете!

Овие четири знаци најлесно „бегаат“ од нечиј живот, било да е тоа љубовни партнери или пријатели!

Водолија

Нема да губат време, ќе се свртат и ќе го напуштат вашиот живот засекогаш ако сте ги излажале, или мислат дека сте лажеле. Водолијата е тешко да се задржи кога мисли дека е изневерена, а дополнителен проблем е фактот што многу тешко ќе ја убедите дека греши.

Лав

Лавот ја обожава лојалноста, но нема да ја покаже самиот ако мисли дека некој не ја заслужил. Лавот не верува во втори шанси, ако му замерите за се што не е според неговите високи стандарди, очекувајте буквално да ве „прешкрта“ од животот и можеби нема ни да ве поздрави на улица кога ќе се сретнете.

Шкорпија

Таа нема да штеди „убоди“, доколку нејзините чувства се повредени. Проблемот со Шкорпијата е што таа ги крие чувствата како змијата нозете, поради што понекогаш нема ни да знаете што ја изнервирало, само ќе знаете дека веќе немате никаков контакт со неа. Ако Лавот не знае за други шанси, Шкорпијата не знае за простување.

Бик

Многу се потпираат на довербата, а понекогаш е тешко со нив бидејќи долго време ќе тежат дали да ви простат нешто што навистина се случило или едноставно мислат дека се случило. Очекувајте Бикот само да ве „избрише“ и ќе останете во шок затоа што ништо не сте му направиле. А можеби конечно „пукнала тиквата“ поради нешто што се случило пред половина година, пред една година …

Слични содржини