Овие 5 видови храна не смеете да ги греете во микробранова печка

од Elena Daskalova

Микробрановата печка е практичен изум кој со години и години ја олеснува работата во кујната. Сосема е добра за да направите чај, да подгреете млеко, храна од претходниот ден…

Но, постојат ситуации во кои апсолутно не смеете да го правите тоа.

Варени јајца

Голема е веројатноста свареното јајце да експлодира ако го загревате во микробранова, без разлика дали е излупено или не.

Мајчино млеко

Мајките кои се измолзуваат не смеат да го загреваат млекото во микробранова, бидејќи нерамномерно се загрева, поради самата структура, и може да го изгори бебето.

Сувомеснати производи, паштети, месен нарезок

Овие и сличните месни преработки не смее да се загреваат во микробранова печка, бидејќи начинот на загревање прави оксидација на холестеролот и така тој е уште поштетен отколку во нормалната форма.

Ориз

Оризот е одлична подлога за создавање цела колонија микроорганизми кои може да бидат штетни за вашиот организам и да предизвикаат труење. Со загревање на оризот во микробранова само придонесувате бактериите да се размножат побрзо.

Пилешко месо

Ако е зготвено претходно на некој од класичните начини, може да го загреете парчето во микробранова. Но, никако не помислувајте да го готвите во неа, бидејќи прво, може да се распрскаат честици кои содржат салмонела, а второ, да останат незготвени делови кои исто така ја содржат салмонелата.

Слични содржини