Овие хороскопски знаци ќе ја запознаат својата СРОДНА ДУША во декември

од Stefanija Kuzmanovska

Венера, планетата на љубовта и убавината, е во предизвикувачки аспект со Непутн и Јупитер на небото, што покажува дека имаме тенденција да ги идеализираме луѓето што ни се допаѓаат. Во согласност со тоа, треба да внимаваме кому му веруваме.

Венера, која на 10 декември преминува во знакот Јарец, ќе им донесе љубов на Јарците, Биковите и Девиците.

ЈАРЕЦ
После монотон период доаѓа момент кога емотивно ќе се разбудите. Пред вас е период во кој лесно можете да се вљубите и тоа „слепо“. Затоа треба да внимавате колку ја идеализирате личноста која ви се допаѓа. Влегувате во фаза кога ќе зрачите со неверојатна харизма и убавина, па со вашиот личен шарм ќе освоите многу луѓе.

БИК
Венера во Јарец ви носи можност да патувате со саканата личност. Меѓутоа, ако сте слободни, можете да очекувате да запознаете некој кој доаѓа од патување. Ќе ве привлекуваат луѓе кои не се во вашиот град. Поради ова, ќе бидете подготвени да верувате во се, но и лесно може да се разочарате.

ДЕВИЦА
Венера во петтата куќа ви носи интересно познанство во текот на декември. На забава или на јавно место ќе запознаете амбициозна личност која ќе ве освои со своите рационални ставови. Пред вас е месец кој носи повеќе забави и љубовни средби. Доколку сте во брак, можно е да го проширите семејството.

Слични содржини