Овие хороскопски знаци НЕМА ДА ИМААТ СРЕЌА во мај

од Stefanija Kuzmanovska

Хороскопските знаци кои ќе немаат среќа во мај 2022 година се Овен, Рак, Вага, Скорпија, Водолија и Риби. Астрологот Владимир Влајиќ открива што ги чека, пренесува „Мондо.рс“.

„Имаше затемнување на Сонцето и доаѓа ретрограден Меркур, а сите се ежат кога ќе го слушнат тоа. Но целиот мај ќе биде турбулентен, работите мора да излезат на површина, а најинтересното ќе биде до 10 мај и на самиот крај на месецот“, навел тој во Утринската програма.

„Овенот нема да има баш сјаен период, ќе има промени на средината на месецот и ќе им биде тешко, Марс тукушто влегува во Овен па крајот на месецот ќе биде најдобар. Се што е комплицирано сега сепак ќе испадне добро на крајот на мај. Ќе има напредок на љубовното поле, во следните десет до 15 дена во нивниот живот ќе влезе личност со значителна разлика во години, а крајот на мај ќе биде поважен за нивната работа отколку за љубовта“, изјави Влајиќ.

Според хороскопот за мај, Лавот треба да направи чекор назад, да внимава во одлуките бидејќи на Лавовите нема да им се допадне ретроградниот Меркур во втората половина од месецот. Нив ги погодува и затемнувањето на Сонцето кое се случи на крајот на април и им се советува да обрнат двојно повеќе внимание во текот на мај 2022 година! Астрологот советува Лавовите сепак да го чекаат почетокот на јуни за какви било важни одлуки, во мај ќе имаат добра комуникација со луѓе на некоја позиција, но сето тоа се подготовки за важните работи кои допрва следуваат.

„Вагата сега трпи, или се прилагодува во врските и партнерствата. Има аспект на добивка само преку туѓа среќа, ќе ужива во туѓите успеси, ќе биде поканета на веселби и прослави“, рече тој.

„Скорпиите се погодени од затемнувањето, исцрпени се, се чувствуваат лошо, но периодот сам по себе не е лош. За нив работите се комплицирани, но кога Марс ќе влезе во Овен ќе добијат наплив на енергија“, објаснува Влајиќ.

„Хороскопот за Водолија вели дека таа се уште страда поради Сатурн во нејзиниот знак. Иако Водолијата и инаку страда, тоа сега е проектирано на долг рок и ѝ треба помош. Ќе биде подобро, но дури на крајот на месецот. Ќе успеете да го реализирате она што сте го замислиле, но ќе има проблеми. Клучот да ги надминете проблемите ќе биде поддршката и помошта од млад човек“.

Рибите деновиве ја губат заштитата од Јупитер во својот знак и се ќе им биде забавено.

„Рибите мора максимално да го искористат периодот до овој викенд, потоа едноставно нема да имаат среќни околности. Ќе успорите, нема да можете да се движите напред. Ќе се вратат некои неискористени можности од зимата, ова се последните минути на среќата, затоа треба да се искористат уште оваа недела“, изјави астрологот Владимир Влајиќ.

Слични содржини