Овие хороскопски знаци периодов ги очекуваат големи промени на љубовен план

од Stefanija Kuzmanovska

Транзитната Венера (планета на љубовта) влезе во знакот на Девица на 5 септември и таму ќе остане до 29 септември.

Сите не очекува малку потежок период во љубовта, бидејќи љубовниот занес кој постоеше на почетокот ќе исчезне.

Врз овие три знаци Венера во Девица има најголемо влијание.

БИК
Ова влијание носи стабилизација во љубовните врски кај Бикот, партнерот ќе ве поддржува во се и вашата врска ќе добие на важност. Многу Бикови ќе се одлучат за брак или некаква заедница.

ЛАВ
Ова влијание ќе биде малку понапорно за Лавовите, партнерот ги наоѓа вашите маани, а тоа почнува многу да ве мачи, не прифаќате многу работи, нема да признаете, сега е време за радикални промени.

СКОРПИЈА
Ова влијание им носи сомнежи за љубовта и емоциите во партнерските односи кај Скорпиите. Преиспитувањето на емоциите како и на партнерот ќе биде актуелно во текот на септември. Можна е тајна врска со зафатена личност.

Слични содржини