Овие хороскопски знаци постојано ги пречитуваат пораките од поранешниот партнер

Читањето на пораките од поранешниот партнер понекогаш изгледа како повторно читање на омилената книга. Многумина на тој начин наоѓаат утеха и се потсетуваат на убавите денови од пропаднатата врска. Кај одредени хороскопски знаци таа навика е толку изразено што постојано се враќаат во минатото, а тоа ги спречува да најдат нова љубов.

Риби

Да им зборувате да го заборават поранешниот партнер е потполно бесмислено. Овој воден знак е склон кон сонување. Ништо не му помага да избега од реалноста како читање на старите пораки. Будењето на спомените ги враќа во периодот пред раскинуваањето, кога биле полни со самодоверба. Ќе направат се за да се присетат на некогашната среќа, а бришењето на пораките е последна фаза од опоравувањето.

Рак

Станува збор за носталгичен знак кој бега од минатото. Наместо да ја согледаат ситуацијата и да направат нешто за свое добро, тие ќе сонуваат за нова средба со поранешниот партнер и одново поминување на настаните во ниваната глава. Ракот, со задоволство би уживал во заведувачките зборови на поранешната љубов, отколку да си признае дека раскинувањето е најдобра опција.

Девица

Девиците најчесто, се луѓе кои цврсто стојат на земја и се водат по принципи. Затоа е големо изненадување што се наоѓаат во оваа група на знаци кои ги мачи носталгија. Се работи за личности кои се строги со себе. Сакаат да го откријат моментот на кршење кога работите тргнале по удолница. Тие се големи перфекционисти и не сакаат да ги повторуваат грешките. Раскинувањето го доживуваат како неуспех и се обидуваат да ги најдат сите можни докази со цел да се чувствуваат помалку виновни. Пораките ги користат како доказ, дека тие не се виновни за бродоломот.

Вага

Непоправливи романтичари кои се под постојано дејство на Венера. Ги краси способност за простување, но кога станува збор за силни емоции не се подготвени лесно да го заборават минатото. Се обидуваат да најдат логика во се што е ирационално, веруваат дека светот функционира на принцип на правда и разум. Со денови го дешифрираат секој детаљ на минатата врска. Сакаат да ги откријат вистинските причини за љубовниот бродолом.

Читањето на старите љубовни пораки не е корисна навика, но секој човек бар еднашка сака да се присети на минатото. Доколку сте сигурни дека меѓу вас нема љубов, најдобро е да ги избришете старите пораки. Минатото нема да ви помогне да се открие ништо ново.

Слични содржини