Овие македонски градови имаат најмногу заразени со коронавирус

од Берта Китинска

Бројот на новозаболени полека се намалува, надлежните информираат дека спласнува и притисокот врз болниците. Според министерот за здравство Венко Филипче мерките даваат резултати, но мораме и натаму да бидеме внимателни.

Најмногу активни случаи има во овие градови:

Скопје 65884, активни 8209
Куманово 8184, активни 1200
Прилеп 7981, активни 901
Тетово 6965, активни 651
Битола 5878, активни 1225
Велес 5261, активни 667

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.

Слични содржини