Овие намирници ги штитат вашите крвни садови од холестерол

од Elena Daskalova

Сите знаеме дека стресот и брзата храна создаваат холестерол кој би можел да нè убие ако не се погрижиме навреме за него. Но, постои и храна со токму спротивен ефект.

Постојат дури пет намирници благодарение на кои, во комбинација со здрава храна и вежбање, ќе успеете да ги прочистите своите крвни садови.

Морски алги

Можете да ги користите како додаток во исхрана (веќе постојат соодветни суплементи), за да обезбедите минерали, протеини, каротеноиди и антиоксиданти. Тие помагаат и во одржување на крвниот притисок во границите на нормалата.

Сина риба

Сината риба, во која спаѓаат туната, лососот и скушата, содржи масти богати со аминокиселини, односно омега 3 масни киселини, кои помагаат во балансирањето на мастите и триглицеридите.

Овесна каша

Со години овесната каша го носи епитетот најздрав појадок. Тоа е така бидејќи е богата со растителни влакна, но и со здрави јаглехидрати кои ќе нè заситат до ручекот и нема да дозволат таложење масти на ѕидовите на крвните садови.

Соја

Сојата е богата со состојки наречени изофлавони, кои значајно го намалуваат холестеролот во крвта и триглицеридите.

Домати

Кога им е сезона, јадете ги доматите, за да обезбедите доволно ликопен за своето тело. Можете да ги комбинирате доматите на илјадници начини, од сосови, до салати, и секогаш ќе можете да ги искористите максимално нивните хранлици материи.

Слични содржини