Овие парчииња облека треба веднаш да ги исфрлите од вашиот плакар

На сите им се случило барем еднаш – го отворате орманот, а од него паѓаат работи кои не ви стојат, некои се мали, некои големи, некои веќе не се во мода, а за некои се прашувате зошто воопшто сте ги купиле.

Решението звучи едноставно, но тешко за реализација. Но, сега е крајно време да направите една голема чистка.

Еве кои парчиња можете да ги фрлите во истиот момент:

1. Облека во која се „исплати да инвестираш“, но не ти се допаѓа

Можеби сите ве убедувале дека во вашиот орман треба да се најде еден мал црн фустан, но тоа не значи дека мора да ги послушате. Доколку црната не е ваша боја, не ви се допаѓа кројот или едноставно ви здосади – фрлете го. Истото важи и за другите „сигурни инвестиции“ кои ве прават несигурни.

2. Фармерки за кога ќе ослабнете

Наместо да се обидувате да се натерате да изгубите килограми, своите стари фармерки проследете ги понатаму, а себе си почастете се со некои кои ви прилегаат и во кои ќе се почувствувате сигурно.

3. Облека која повеќе не е во мода

Вистина е дека трендовите се вртат во круг, а она што сте го носеле во средно и сега ви изгледа смешно, ќе дојде пак. Но, за тоа не се потребни година или две, туку десетина, а понекогаш и повеќе. Со оглед на тоа дека повеќето од нас немаат луксузни ормани во кои собира се, време е да се отарасите од она што нема во скоро да го носите.

4. Облека која сте ја наследиле, а не ја носите

Без разлика дали станува збор за фустанот од мама или старо одело на тато кое веќе не го носи, веројатно не ви треба. Доколку се лажете дека таа облека има сентиментална вредност, а сеедно ви е кога ја туркате во најмрачниот агол, време е да се отарасите. Можеби ќе ви биде жал кога ќе ја фрлите, но секогаш постои опцијата за донирање.

5. Се што има флека на себе

Можеби тоа е онаа прекрасна бела кошула која совршено ви прилегаше, но сте ја исфлекале со кечап и ги испробавте сите препарати за тргање на флеки, но безуспешно, време е да се збогувате од неа. Верувајте, нема магично сама да се исчисти.

6. Искината облека која никогаш нема да ја сошиете

Доколку тоа не сте го направиле во последниве све години, нема да го направите ниту сега. Исто како облеката која не се чисти сама, ниту таа сама ќе се сошие.

7. Износени патики

Купивте нов пар, а овие ќе го носите „околу домот“ или кога го шетате кучето? Нема. Немојте да се залажувате.

8. Неудобна облека

Лесно е да се заљубите во одредени чевли, но доколку ви се неудобни, не би требало да се најдат во вашата колекција.

9. Долна облека која ја чувате во плакар повеќе од една година

И долната облека која покажува знаци на смрт, како конци кои висат на сите страни или неугледни дупки, заменете ја со нова.

10. Чорапи кои немаат пар

Не, доколку не сте ги видели со недели, нема магично да се појават.

11. Модни додатоци кои не одговараат со ништо

Добивте тигреста чанта за роденден, но не поднесувате анимал принт? Време е да ја исфрлите од орманот. Истото важи и за сите други додатоци кои не одговараат со вашиот стил.

Слични содржини