Овие работи мора да ги знаете доколку работите од дома

Работата од дома е истовремено благослов и казна. Не мора да се грижите околу гужвата во сообраќајот, бирањето облека секој ден и сл. Сепак, сите удобности кои ви ги дава домот, може негативно да влијаат врз продуктивноста и да ви ја намалат можноста за напредок.

Со цел да не се случи тоа, ви предлагаме да ги следите овие совети кои ќе ви помогнат работата од дома да ја донесете најблиску до онаа во канцеларија, но без дополнителен стрес.

Немојте да работите во кревет

Иако кебето, и меките перници збучат како опкружување од соништата, за жал не се добри за работа. Освен што претераната удобност ќе ве успие, може да добиете и болки во карлицата, ‘рбетот или кичмата. Затоа станете, седнете на маса, земете го удибниот стол и продолжете со работа.

Одржавајте ја својата рутина

Иако никој не ве гледа, немојте да се запоставите. Станете на време, направете ги хигиенските потреби, облечете се и појадувајте. Започнете го денот онака како што би го направиле тоа во канцеларија.

Земете пауза

Тоа што работите од дома не значи дека не ви треба пауза. Обавезно искористете ја паузата за ручек, со цел да се освежите и одморите, а ако ви е потребно, земајте и петминутни паузи за малку да ги расчистите мислите или испиете неколку голтки кафе без пречки.

Комуницирајте со луѓето

Најверојатно сте само (барем во просторијата), но тоа не треба да ве спречи да се јавите на најдобриот пријател/ка, момчето или сестрата и една петминутна пауза да ја искористите за краток разговор. Овој потег ќе ја поттикне вашата продуктивност и нема да се чувствувате осамено.

Немојте да ги менувате позициите

Кога ќе го најдете вашето катче за работа, држете се до него. Така, барем половично ќе имате чувство како да сте во канцеларија на своето работно место. Со менувањето на позициите ќе го изгубите фокусот и вашето внимание ќе се задржува на ситници.

Подалеку од фрижидерот

Со цел да не претерате со десет ужинки и три ручеци, ви советуваме да седите подалеку од фрижидерот или полицата со слатки.

Не дозволувајте да ве попречуваат

Доколку вашите цимери или смејство не работат од дома, тешко е да им докажете дека ви е потребен мир и концентрација. Поставете граници, доколку е потребно заклучете се во вашата соба и дајте им до знаење дека вашата работа е сериозна.

Слични содржини