Овие три хороскопски знаци ги очекува ПОЗИТИВЕН ПЕРИОД ВО ЉУБОВТА

од Stefanija Kuzmanovska

До крајот на јуни, Венера и Јупитер испраќаат добри вибрации од небото, а за некои хороскопски знаци ќе донесе позитивен период, особено во љубовта.

Со овој аспект Бик, Стрелец и Вага треба да бидат особено задоволни.

БИК

Секогаш кога Венера танцува на небото, Бикот го чувствува тоа. И кога Јупитер, планетата на голема среќа, ѝ се придружува на подиумот, тогаш на Бикот му се враќа стократно целата љубов што некогаш ја чувствувале.

Јупитер е планета на раст, експанзија и бесконечна креативна моќ – заедно со Венера го зајакнува сето она што ви значи, а тоа е љубовта кон вашиот партнер, семејството и себе си.

ВАГА

Со соѕвездието Вага управува и планетата Венера, така што ова ќе биде период на длабоки, убави емоции и за нив. Вагите конечно ќе бидат подготвени и способни да направат разлика помеѓу минливите авантури и таа голема љубов за цел живот.

За време на овој транзит, нема да ви недостига љубов и тоа ќе ви овозможи да разберете што значајна љубов и врска можат да дадат. Ако некогаш сте имале шанса да ризикувате во љубовта и да го кажете она што никогаш порано не сте го кажале, искрено и од срце, тоа е сега.

Зграбете ја целата таа љубов што толку долго ја чекавте.

СТРЕЛЕЦ

Она што периодов ве очекува е длабока љубов кон себе, која ќе дојде заедно со самопочитувањето.

Аспектот на Венера и Јупитер е оној што ја поттикнува вашата способност да се изразите, така што другите можат да учат и да растат заедно со вас.

Венера е муза која ја поттикнува вашата огромна имагинација. До крајот на јуни, ѕвездите ќе поддржат сè што можете да замислите.

Ќе имате изразена харизма, што ќе ви даде силно влијание врз луѓето кои ќе ве следат во вашите намери и подвизи.

Слични содржини