Овие три хороскопски знаци не можат без секс

од Stefanija Kuzmanovska

Недостаток на секс и интимност најтешко поднесуваат Близнаци, Скорпија и Стрелец. Ним им е тешко без бакнување, нежности, како и без мастурбација, наведува „Индекс.хр“.

Близнаци

Близнаците брзо ја губат самоконтролата. Тие се паметни и љубопитни, а тие особини ги пренесуваат и во кревет. Сакаат флертување, валкани разговори и играње улоги во сексот. Нивниот сексуален апетит не е лесно да се задоволи.

Скорпија

Припадниците на овој хороскопски знак најтешко би издржале апстиненција од секс. Скорпијата го обожава забранетото овошје. Тоа е сексуален знак и затоа е вистински заводник. Скорпијата е страствена, а истото го очекува и од партнерот.

Стрелец

Стрелецот обожава да се препушти на моментот. Стрелецот е спонтан и забавен, а пред сè страствен. Тој е самостоен и склон да игра по свои правила. Ако чувствува привлечност, лесно се препушта и не размислува двапати. Со Стрелецот секој ден е забавен.

Слични содржини