Овие ТРИ МИНЕРАЛИ се неопходни за нашете здравје, еве каде најмногу ги има

од Stefanija Kuzmanovska

Магнезиум, цинк и железо се неопходни за посилен имунитет, повеќе енергија и подобар сон, а доколку ги нема доволно, се јавуваат разни болести.

Лекарите се согласуваат дека минералите играат исклучително важна улога во правилното функционирање на целиот организам затоа што го штитат од стрес. Иако во храната се присутни само во траги, тие влијаат на сите органи, а ако ги нема доволно, се појавуваат разни болести.

Ви ги претставуваме сите предности на трите најважни минерали – магнезиумот, цинкот и железото.

Магнезиум
Тоа е минерал кој се лачи преку пот и урина во стресни ситуации. Оптималното внесување магнезиум може да го ублажи чувството на вознемиреност, а исто така е важен за здравјето на коските и мускулите, како и за подигање на енергија. Некои студии покажуваат дека тој исто така има корисен ефект врз сонот.

Која е дневната доза на магнезиум која ни е потребна? На жените им требаат околу 320 мг на ден. Бидејќи неговите резерви се намалуваат со напорна физичка активност (мускулите го трошат за време на вежбање), понекогаш таа доза треба да се зголеми. Магнезиумот се наоѓа во семките, зелениот зеленчук, авокадото и црното чоколадо.

Цинк
Цинкот влијае на имунолошкиот систем и со тоа нè штити од разни инфекции (вклучително и ковид-19). Доколку во организмот нема доволно, во некои клетки има слабеење на имунолошката реакција, што ја отежнува борбата против инфекцијата и може да предизвика воспалителни процеси и оштетувања.

Која храна е богата со цинк? Најголеми количини има во морските плодови и црвеното месо, а нешто помалку во мешунките, житарките и семките од тиква. Оптималниот дневен внес на цинк е околу 8 мг.

Железо
Овој минерал е неопходен за еритроцитите да носат кислород низ целото тело. Покрај тоа, железото е важно за мускулната функција. Недоволното внесување со храна може да ја отежне концентрацијата и да го зголеми ризикот од развој на анемија.

За да го избегнете ова, јадете месо, морска храна, мешунки и зеленчук со зелени лисја.

Слични содржини