Овие три работи мора да ги отфрлите за да пронајдете вистинска љубов

од Stefanija Kuzmanovska

За да пронајдете вистинска љубов, прво мора да се ослободите од товарите од минатото, а после тоа мора да бидете задоволни со себе и да се сакате себеси. Како зрачите, такви луѓе привлекувате.

1. Се држите до минатото

Ако мислите сè уште ви се во минатото или премногу размислувате за љубовта од минатото, тоа ве спречува да одите напред. Сите врски со минатото буквално ве држат врзани.

Овие врски никогаш нема да ви дозволат да одите напред, тие секогаш ќе ве повлечат назад. Овие врски ве воздржуваат физички, ментално и емоционално и блокираат не само љубов, туку и други работи со кои сакате да одите напред.

Сите врати од минатото мора да бидат затворени и добро заклучени за да се отвори нова.

Можеби се надевате дека старата љубов ќе се врати или сè уште се гледате со бившиот и не го пуштате целосно. Заборавете на минатото. Минатото е минато со причина. Можете да создадете уште подобри времиња, но не ако сте заглавени во минатото и сметате дека тоа биле вашите најдобри времиња. Затоа, бидете внимателни и осигурете се дека не се држите до минатото на кој било начин.

2. Се малтретирате себеси

Ако самите себе се ставите на последно место, можете да привлечете само други кои ќе се однесуваат со вас на ист начин.

Мора да се почитувате себеси за да привлечете вистинска љубов.

Погледнете како се гледате себеси и како се однесувате кон себе. Започнете да се однесувате кон себе онака како што сакате да се однесува кон вас вашата сакана личност. Негувајте се и вистински сакајте се. Среќата и самодовербата се големи магнети на љубовната привлечност.

3. Останувате предолго со некој кој не е за вас

Луѓето обично се обидуваат да ја направат врската добра и се надеваат дека работите ќе се променат. Колку подолго останувате и прифаќате работи што не треба, толку повеќе тонете во еден маѓепсан круг.

Ако вашата врска сепак пропадне откако сте се обиделе да работите на тоа, тогаш оставете ја да замине. Колку подолго останувате, полошо станува и подолго ќе ви треба да ја пронајдете вистинската љубов.

Ако останете таму каде што не сте задоволни, само му кажувате на универзумот дека го сакате тоа. И повеќе работи што ве прават несреќни ќе се појават во вашиот живот, во сите области, пишува Your Tango.

Слични содржини