Овие знаци ги очекуваат големи пресврти во октомври

од desk4

Пет хороскопски знаци би требале да бидат многу внимателни во одредени сфери од својот живот.


Близнаци – почетокот на октомври им носи мали неприлики. Сè ќе им се случува многу брзо, па нема да бидат свесни за случувањата. Астролозите предупредуваат да не носите избрзан одлуки, туку за сè добро да размислите. После 10ти саканата личност ќе ви пружи голема поддршка, така што нема за што да се грижите. Ако во животот немате вистински и искрен пријател, постои шанса таква личност да запознаете на крајот од октомври. Судбоносен состанок може да се случи на најнеочекувано место после 20ти октомври. Не ризкувајте на 12,18 и 21 октомври, и избегнувајте расправии со Риби и Скоприи.

Лав – иако ова не е типично за претставниците на овој знак, но во средината на месецот ќе станат чувствителни на туѓите критики и мислења, по 15ти октомври постои голема шанса да се најдете во жолчна расправија со колегите. Поголем дел од месецот ќе биде комплициран за лавовите, но затоа на крајот од месецот иде период на целосна промена и обнова. Време е да направите нешто што долго го одлагате, а сте немале храброст во тоа да се впуштите. Што и да решите направете, ќе ви оди од рака. Бидете внимателни на патувања на 25ти и 28ми. Не одговарајте на критики од Вага, Бик и Водолија.

Вага – за вагите овој месец е на големи одлуки. Ако го отфрлите егото и навистина почнете да работите на нештата кои долго ги планирате, сè ќе реализирате но ако донесете и една погрешна одлука сè паѓа во вода. Трудете се да не влегувате во конфликти со колегите, бидејќи би можеле да доведат до сериозни расправии. Што се однесува до емотивниот живот од 20ти октомври очекувајте големи промени. Ќе запознаете интересна личност после 20октомври, но не се врзувајте премногу, пред добро да се запознаете. Не им верувајте многу на Стрелците и Близнаците. Поволен момент за било какво патување е од 14ти до 28ми.

Стрелец – за стрелците овој период е многу неповолен што се однесува до финансиите, особено после 10ти октомври. Чувајте ги парите и водете сметка со кого склопувате договори, бидејќи можете да бидете на мета на измамници. Посебно бидете внимателни со Риби. Слушајте го своето тело, бидејќи во спротивно ќе се соочите со болести после 20ти октомври. По 25ти има шанси да го смените местото на живеење. Не влегувајте во расправии со Јарци. Сите планирани работи одложете ги за 28ми октомври, бидејќи во спротивно ќе паднат во вода.

Риби – дојде време за промени, а тоа Рибите посебно ќе го почувствуваат на емотивен план. Ќе се појави нова личност во вашиот живот, но ќе бидете издадени од луѓето од кои тоа најмалку го очекувате. Ќе воспоставите добри односи со колегите и повеќе ќе се посветите на работата, бидејќи постои  можност за напредок. Од 26ти до 30ти октомври личности со лоши намери ќе се обидат да ви го пореметат мирот. Не ги слушајте советите од Јарци и Девици.

 

Слични содржини