Самоуништувачкото однесување е израз на нашата темна страна, која произлегува од ниската самодоверба, па дури и омразата кон себе.
Еве кој во Зодијакот е најмногу склон кон самоуништување во врските:
- Скорпија
Иако е мистериозна и полна со љубов, поради што ги привлекува луѓето, Шкорпија има навика да биде посесивна и љубоморна во сите врски.Скорпијата потсвесно знае дека со таквото однесување ги оттргнува саканите од себе, но сепак е посилна од неа и не може да одолее на нагонот да направи сцена која на сите, па дури и на неа, ќе им направи непријатност.
- Бик
Биковите имаат способност да ги воодушеват сите присутни кога ќе се појават. Тие се многу страсни и знаат како да остават добар впечаток.Меѓутоа, често дозволуваат егото да стане поголемо од нив, па поради тоа ги нарушуваат односите со луѓето.
- Близнаци
Овој знак на Зодијакот има специфична енергија и секогаш успева да ја проектира на другите. Меѓутоа, внатре работите не се баш така.Постојано се бори со анксиозност, несигурност и недоверба, а тоа влијае на динамиката на врската. Главниот проблем е неможноста да се отвори кон другите кога станува збор за нивните проблеми.