Овогодинешните добитници ја примија Нобеловата награда во своите домови

од Stefanija Kuzmanovska

Овогодинешните добитници ја примија Нобеловата награда во своите домови, додека оркестарот изведуваше класични композиции во речиси празната сала на градското собрание во Стокхолм.

„Ова е навистина поинаква церемонија на Нобеловата награда“, рече шведскиот крал Карл Густав, кој обично ги дели наградите, во пораката од кралскиот дворец.

Свеченото доделување на наградите беше пренесувано во живо, а сите лауреати останаа во своите домови поради пандемијата на коронавирус.

Мајкл Хотон, кој заедно со Харви Алтер и Чарлс Рајс ја добија Наградата за медицина, беше облечен во неговата секојдневна облека во неговата градина во Калифорнија кога ја доби наградата.

Исто како добитничката на наградата за литература Луиз Глук, која ја доби наградата во нејзината градина во Бостон.

Некои од нив имаа заштитни маски кога им беа врачени медалот и дипломата, со паричната награда од 1,1 милиони долари.

„Се надеваме дека ќе имаме можност да ја прославиме следната година на вистински, вообичаен начин“, рече Берит Реис-Андерсен, претседател на норвешкиот Нобелов комитет.

Слични содржини