Овој град е изграден од дијаманти

од desk2

Германскиот град Нердлинген, во Баварија, за првпат се споменува во деветтиот век, и изграден е во кратер на вулкан широк 26 клометри. Но, кратерот крие блескава тајна поврзана со изградбата на градот.

Жителите на Нердлинген со генерации користеле камен од околината на кратерот за изградба на своите куќи, и притоа забележувале дека камењата имаат одреден сјај.

Во 1960-ите години истражување на двајца американски геолози покажало дека кратерот околу Нердлинген не е создаден од вулкан, туку од удар на метеор широк околу еден километар што се случил пред околу 14 милиони години.

Експлозијата што ја предизвикал метеорот предизвикала создавање на милијарди микроскопски дијаманти, кои се широки околу 0,2 милиметри и се безмалку невидливи со човечко око. Тие се причината за сјајот на камените куќи и старите цркви во Нердлинген. Се проценува дека вкупната тежина на овие минијатурни дијаманти изнесува 72.000 тони, што би претставувало огромно богатство, доколку би можеле комерцијално да се искористат./MIA

Слични содржини