Овошје и зеленчук кои можат да го намалат нивото на шеќерот во крвта

од Stefanija Kuzmanovska

Овошјето и зеленчукот секогаш ќе бидат ценети како свет грал на здравата исхрана, а некои намирници од таа група особено се препорачуваат за дијабетичарите поради нивната способност да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта.

Цитрусно овошје

Истражувањата покажаа дека агрумите, како портокалите, имаат корисен ефект врз луѓето кои се борат со дијабетес.

Цитрусните овошја се одличен начин за внесување витамини и минерали без внесување прекумерни количини на јаглехидрати.

Бобинки

Ова овошје е богато со соединенија наречени антоцијани, за кои се тврди дека ја намалуваат отпорноста на инсулин и ја подобруваат чувствителноста на инсулин, според студијата објавена во Journal of Nutrition.

Боровинки, јагоди, капини и малини се идеални видови бобинки кои можете да ги додадете во појадок или десерти.

Студијата покажала дека конзумирањето на 160 mg антоцијанин два пати на ден доведува до намалување на нивото на гликоза во плазмата за 8,5 отсто, 13 отсто помала отпорност на инсулин и 23,4 отсто зголемување на адипонектинот, хормон кој ја зголемува чувствителноста на инсулин.

Бобинките се исто така добар извор на витамин Ц и влакна и не содржат многу јаглехидрати.

Брокула

Различни студии покажаа дека консумирањето брокула може да ја зголеми чувствителноста на инсулин.

Брокулата е храна богата со витамини и минерали, како што се калциум, железо, цинк, витамин Б12, Д и многу други, пренесува Index.hr.

Слични содржини