Овошјето кое содржи најмалку шеќер е најбогато со антиоксиданси

Овошјето, без сомнение, би требало да биде дел од секојдневната исхрана, но изборот на истото е многу важно. Некои од нив содржат повеќе шеќери, па лицата со дијабет би требало да обрнат внимание и добро да изберат што е добро за нив. Иако тие шеќери се природни, сепак, не им одговараат на сите.

Овошјето кое содржи најмалку шеќер има најбогата нутритивна вредност, вклучувајќи високо ниво на антиоксиданси и фитонутрини.

Иако, овошјето е неопходно, неретко се заборава фактот на количината на шеќерот која ја содржат.

Така, мангото не е добар избор за оние кои сакаат да го избегнат шеќерот. Во него има голема количина влакна и нитриенти, но и природен шеќер, 49 грама по парче, па би требало да го консумирате умерено.

Една шолја грозје содржи 23 грама шеќер, што е голема количина. Нешто поголема количина на шеќер се наоѓа во црешите, а една помала крушка содржи и до 17 грама шеќер, па доколку внимавате на килограмите, ова овошје не би требало да го консумирате во големи количини.

Кога станува збор за лубениците, во едно парче се наоѓа околу 17 грама шеќер, што не е малку. Смоквите исто така се полни со шеќер, додека во една помала банана има околу 14 грама шеќер.

Од друга страна, пакување малини содржи само пет грама шеќер, додека во дињата се наоѓа 11 отсто шеќер, истото се однесува и за јагодите.

Слични содржини