Озил го чека подолга пауза поради повреда на лигаментите

од Vladimir Zorba

Германскиот фудбалер Месут Озил ќе мора да паузира поради повреда.

Неговите лигаменти се оштетени, поради што ќе отсуствува четири до шест недели.

Озил се пресели во Фенербахче од Арсенал во јануари и оттогаш нема постигнато гол ниту асистенција.

Досега има одиграно шест натпревари во турската Супер лига и еден во Купот.

Во својата кариера играше и за Шалке, Вердер и Реал Мадрид.

Слични содржини