Озил не сака да го напушти Арсенал

од Nikola Popovski

Германскиот халф на Арсенал, Месут Озил нема намера да го напушти лондонскиот клуб пред истекот на неговиот договор летото 2021 година. Во интервју за „Беин Спортс“, Озил, исто така, упати позитивни зборови за новиот менаџер Микел Артета.

– Јас сум презадоволен од мојот договор и ќе останам во Арсенал до крајот. Не знам што ќе се случи во иднина, но затоа е интересно. Артета го враќа вистинскиот дух на Арсенал – борба, посед на топка, контролирање на натпреварот. Неговите методи функционираат и ни носат успех, Расположението во соблекувалната е големо. Артета е вистински менаџер за Арсенал, вели Озил.

Поранешниот репрезентативец зема неделна плата од 350 000 фунти неделно, која е една од највисоките во Премиер лигата.

Слични содржини