Озил нема намера да го напушта Арсенал

од Vladimir Zorba

Месут Озил изјави дека нема да го напушти Арсенал до 2021 година.

Поранешниот играч на германската репрезентација има 31 година и заработува 350.000 фунти неделно во Арсенал, па затоа не го напушта тимот со причина.

Своевремено платен 43 милиони фунти на Реал Мадрид, сега тој вели дека сака да остане до крајот на договорот и да му даде на Арсенал се што има.

– Работите не беа идеални, тешко беше, но јас го сакам Арсенал. Јас ќе одлучам кога ќе заминам, никој друг. Ќе му дадам на Арсенал сè што имам, ситуации како оваа не можат да ме скршат, тие само ќе ме направат посилен. Покажав претходно дека можам да се вратам од неповолни ситуации и тоа ќе го покажам повторно, рече Озил, цитиран од Би-Би-Си.

Слични содржини