Пјонгјанг: Не ѝ доставуваме оружје на Русија, тоа се гласини

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја денеска објави дека никогаш не соработувала со Русија во врска со вооружување и нема такви планови, откако САД тврдеа дека Пјонгјанг ја снабдува Москва со артилериски гранати за војната во Украина.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, претходно изјави дека артилериската муниција од Северна Кореја доаѓа во Русија како тајна пратка за Блискиот Исток или Африка и дека се работи за „значителен број артилериски гранати“, пренесе „Ројтерс“.

Претставник на севернокорејското министерство за одбрана рече дека Пјонгјанг „никогаш немал трговија со оружје со Русија“ и дека „не планира тоа да го прави во иднина“.

Слични содржини