„Па ти си полудел“: Познат американски рапер упатил пцовки кон Бајден и ги повикал сите да гласаат за Трамп (фото)

од Nikola Popovski

Американската рап sвезда Куртис Џејмс Џексон III, попознат по уметничкото име Фифти Сент (50 Cent), го критикуваше даночниот план на демократскиот претседателски кандидат во САД, Xо Бајден и ги повика своите 26,2 милиони следбеници на Инстаграм да гласаат за сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Познатиот рапер „се заканува“ дека ќе гласа за републиканскиот претседател, и покрај фактот дека „Трамп не ги сака црнците“, исклучиво со цел да се избегне потенцијално зголемување на даночната стапка за 62%, што според планот на Бајден ќе влијае само на оние кои заработуваат најмногу.

„Гласајте за Трамп. Заминувам, *бени Њујорк“, напишал Фифти на својот Инстаграм профил со скриншот со предложено зголемување на даночната стапка според планот на Бајден.

„Никси (Кошаркарскиот клуб од Њујорк) и онака никогаш не победуваат. Не ми е гајле што Трамп не сака црни луѓе. 62 проценти, па ти дали си полудел“, му се обратил револтираниот рапер на Бајден.

Даночниот план на поранешниот потпретседател на САД предвидува зголемување на даноците за корпорациите и физичките лица кои заработуваат повеќе од 400.000 долари годишно.

Најавата на раперот наиде на различни реакции. Некои го пречекаа „во возот на Трамп“, додека други го обвинија за ставање „луксуз пред животот на црнците“.

Неколку минути подоцна, Фифти напишал дека „се сеќава дека банкротирал“, бидејќи зголемувањето на данокот се однесува само на богатите.

„Само што се сетив дека банкротирав, затоа барам заем. Може ли некој да му помогне на братот“, напишал 45-годишниот рапер, добитник на 86 различни музички награди.

Останува нејасно дали раперот навистина ќе гласа за Трамп, бидејќи не е познато дали тој го поддржува.

„Ајде да се молиме, Господи, те молам, не дозволувај Трамп да влезе во канцеларијата. „Сè ќе излезе од контрола“, напишал Фифти испратен во пресрет на претходните избори во Америка.

Слични содржини