Пачовски: Понатаму оди поискусниот тим

од Vladimir Zorba

Најдобриот фудбалер на двомечот од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу Вардар и АПОЕЛ, голманот Томе Пачовски рече дека во следната рунда се пласира поискусната, но не подобрата екипа.

pachovski-kje-odime-na-pobeda-protiv-shkendija-kako-i-na-sekoj-natprevar-sezonava-37707

– Одигравме уште еден тежок натпревар против силен противник како што е АПОЕЛ. На реваншот и ние создадовме неколку шанси и доколку некоја од нив успеевме да реализираме и први да поведеме, тогаш ќе беше многу поразлично. Можеби нивниот гол беше од „офсајд“, ама што е тука е. Кога го примивме голот беше веќе потешко да се игра. На крајот како клучно се покажа нивното искуство и голем број одиграни вакви натпревари. Ние ќе чекаме друга шанса, истакна чуварот на мрежата на „црвено-црните“.

Вардар синоќа на Арена „Филип Втори“ одигра 1:1 против шампионот на Кипар АПОЕЛ и по 0:0 на дуелот во Никозија, Кипраните одат во 3.коло од квалификациите за ЛШ поради голот постигнат на гостински терен./МИА

Слични содржини