Пад на бројот на активни случаи, во Скопје има 506 заболени лица

од Берта Китинска

Денеска е регистриран висок број оздравени пациенти, и мал број на нови позитивни случаи на ковид 19.

Според податоците на министерството денеска е забележано намалување на активните носители на вирусот во Скопје каде на 28 мај имало активни 983 случаи додека денеска има 506. По еден активен случај има во Валандово, Дебар, Пехчево, а Дојран и Демир Капија немаат заразени лица со ковид 19.

Досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.

Слични содржини