Пад на бројот на нови позитивни лица, наскоро пристигнуваат вакцините

од Берта Китинска

Забележан е пад на бројот на новозаболени со ковид 19 во земјава.

Властите велат дека целосно е спремен здравствениот систем за складирање и дистрибуција на вакцини кои треба да пристигнат на почетокот во февруари.

-Направивме план за вакцинација во три групи. Засега нема потреба лицата коишто го прележале да бидат вакцинирани. Во февруари преку Фајзер ќе ни пристигнат 5850 дози од вакцината, а по 17.550 дози во март и април, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во директен разговор помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер. Заедно со мојот српски колега, Златибор Лочнар ќе ги договориме деталите околу постапката за испорака на вакцините. Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, изразувам благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин, информираше Филипче.

Досега 661 пациент е третиран со крвна плазма

Досега 661 пациент е третиран со крвна плазма, а обезбедени се 802 единици од 729 донори. Дарувањето конвалесцентна плазма е највисокиот чин на хуманост. Оздравените пациенти имаат можност да им помогнат на оние пациенти кои во моментов се борат со КОВИД-19. Да бидеме солидарни и грижливи, да спасиме човечки животи

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88992, бројката на оздравени пациенти е 73777, на починати е 2715, а бројот на активни случаи изнесува 12500.

Слични содржини