Пад на бројот на починати во Италија од коронавирусот во последниве 24 часа

од Vladimir Zorba

Во Италија починаа 50 лица во последните 24 часа како резултат на коронавирусот, што е значително помалку од 119 претходниот ден, објави Агенцијата за цивилна заштита.

Сепак, поради технички проблеми, овие податоци не вклучуваат смртни случаи од регионот на Ломбардија, што беше најлошо погодена од кризата.

Бројот на случаи на заразени на дневна основа се спушти на 531 од 669.

Од почетокот на пандемијата, на 21 февруари, во Италија починале 32.785 луѓе. Во однос на бројот на загинати, Италија е на третото место во светот по САД и Велика Британија.

Исто така, од почетокот на епидемијата, бројот на заразени достигна 229.858.

Денес 553 лица се наоѓаат на интензивна нега, што е помалку од вчерашните 572. Вкупно 140.479 лица се опоравени досега.

До денес, тестирани се 2,198 милиони луѓе.

Слични содржини