Пад на Владата на Петков, земјата во нова политичка криза

од Nikola Popovski

На бугарската влада на либералниот премиер Кирил Петков и беше изгласана недоверба на парламентот, што ја доведе земјата во нова политичка криза по трите избори минатата година.

Предлогот за недоверба го поддржаа 123 пратеници, а 116 беа против, од вкупно 240 пратеници, објави потпретседателот на Собранието, Мирослав Иванов.

Десничарската опозициска партија ГЕРБ минатата недела поднесе барање за недоверба, обвинувајќи ја владата за лошо управување со јавните финансии и економските политики и неуспехот да ја спречи зголемената инфлација.

Премиерот Кирил Петров, бизнисмен образован на Харвард, формираше четиричлена коалициска влада во декември. Тој повика на решение на билатералниот етничко-културен спор поради кој се блокираше напредокот на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

42-годишниот Петков, кој вети дека ќе се бори против корупцијата, зазеде силен про-НАТО и проевропски став откако Русија ја нападна Украина, што е невообичаен став за земја со традиционално пријателски став кон Москва, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите предвидуваат дека новата влада ќе има понеутрална позиција кон Русија.

„Ова гласање е само мал чекор на долгиот пат. Она што тие не го разбираат е дека ова не е начин да се придобие бугарскиот народ“, рече Петков по гласањето. Земјата сега се соочува со можност за четврти општи избори од април 2021 година, со што се изложени на ризик милиони евра од фондовите на ЕУ и плановите на земјата да го усвои еврото од 2024 година.

Претседателот Румен Радев треба да закаже предвремени избори во рок од два месеца и да назначи преодна влада доколку Петков не успее да собере мнозинство за нов кабинет и ако две други партии во парламентот не можат да формираат нова влада.

Слични содржини