Пад во бројот на новозаразени во Србија, починаа 38 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.767 лица за коронавирус, од кои 2.965 биле позитивни, додека, за жал, починале 38 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, има 254 пациенти на респиратори.

Да потсетиме, вчера во Србија имаше 2.732 заразени лица, од 10.898 тестирани лица, додека починаа 35 лица.

Слични содржини