Паднаа акциите на Јувентус поради елиминацијата од Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Акциите на фудбалскиот клуб Јувентус утрово паднаа за околу 10 проценти на берзата во Милано, по елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампиони

Акциите на клубот забележаа пад од 9,27 проценти денес.

Фудбалерите на Јувентус беа елиминирани во осминафиналето од Лигата на шампионите, и покрај тоа што во возвратниот натпревар во петокот го совладаа Лион со 2:1.

По оваа елиминација и покрај новата титула на италијанскиот шампион, Јувентус го замени тренерот Маурицио Сари и го стави Андреа Пирло на негово место.

Слични содржини