„Паднаа“ маските во затворен простор

од Берта Китинска

Маските ќе бидат задолжителни само во јавниот превоз (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост.

По предлог на Комисијата за заразни болести, вчера беше прифатена и одлуката за укинување на забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 307 967, бројот на оздравени пациенти е 297.600, на починати е 9.256, а активни се 1.111 случаи.

Слични содржини