Паднаа сервисите на Гугл: Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

од Nikola Popovski

Корисниците на интернет услугите на Гугл од целиот свет пријавуваат проблеми со функционирањето на „Гугл аналитикс“, додека некои корисници имаа компликации при „најавување“ на е-пошта на Гугл.

Засега никој од компанијата не објави за падот на „Гугл аналитикс“, додека од официјалниот Твитер профил, како одговор на еден корисник, тие рекоа дека немаат информации за „падот“ на мрежата.

За потсетување, социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм паднаа на 4 октомври, а илјадници корисници ширум светот не можеа да пристапат до нив неколку часа.

Слични содржини