Паднаа Снепчет и Спотифај

од Nikola Popovski

Ширум светот паднаа Снепчет и Спотифај.

Според „DownDetector“, корисниците се жалат и на работата на голем број други платформи.

Имено, падна Гугл клауд кој е домаќин на големи платформи како Спотифај, Снепчет и други.

Корисниците ширум светот известуваат дека не можат да ги користат споменатите апликации.

Според некои информации, DNS серверите имаат проблеми. Неколку сајтови како Оверлиф и Спотифај не работат поради нерешлива адреса преку Гугл DNS.

Корисниците наведуваат и дека не можат да креираат табеларни пресметки на Гугл и дека постојано има известување дека документите наишле на грешка и дека треба да се обидат повторно подоцна.

Слични содржини