Паднал од балкон во Кичево, младо момче итно пренесено во болница

од Берта Китинска

-На 30.04.2021 во 03.55 часот, И.В.(57) од Кичево во полициската станица пријавил дека дека од балкон на првиот кат од неговата куќа на улица „11 Септември“ во Кичево паднал М.К.(26) од Република Албанија, кој престојувал во неговата куќа, информираат од МВР.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Во врска со настанот на разговор во полициската станица Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои биле со М.К. во куќата, како и сопственикот на куќата.

Слични содржини